ВИДЕО | Успешна акција на НП Шар Планина и Зоолошката градина на Скопје: Ослободија мечок заглавен во сајла околу десет часа

Фото: Скриншот

Успешна акција на вработените од НП Шар Планина и Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје која никого нема да остави рамнодушен. Во бачило на жител од шарпланинското село Бозовце, вработените ослободија мечок кој бил заглавен во сајла околу 10 часа. Мечокот како што пишува во објавата на НП Шар Планина бил изморен и исплашен, а по 3 часовна акција успешно ослободен.

Установите за заглавениот мечок биле информирани од сопственикот на бачилото.

„Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечокот.Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата,“, велат од установата Шар Планина.

Се зачестија случаите на симнување на мечките до населените места и бачилата на Шара, најверојатно во потрага по храна.

На Фејсбук страната Село Бродец пред еден месец се појави снимка на која се гледа како мечка го бара своето мече во брзите води на реката Пена која поминува на десетина метри од куќите на селото.

Жители на Бродец велат дека мечката со мали мечиња постојано го „посетува селото“ и се доближува на десетина метри до првите куќи.

ВИДЕО: Кај селото Бродец на Шара, мечка скока во Пена за да го спаси мечето од брзите води на реката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот