ВИДЕО: Кај селото Бродец на Шара, мечка скока во Пена за да го спаси мечето од брзите води на реката

На Фејсбук страната Село Бродец се појави снимка на која се гледа како мечка го бара своето мече во брзите води на реката Пена.
Локацијата е на само стотина метри од шарпланинското село Бродец, по течението на Пена. Мечката најпрвин во потрага по мечето ја преминува реката од едната, а потоа и од другата страна. За околу една минута се појавува мечето, носено од брзата вода, а мечката скока по него во обид да го спаси. Реката ги носи по надолу по течението, но од густата шума не може да се види каков е исходот. Во меѓувреме, додека трае оваа „спасувачка мисија“ се појавува уште едно мече долж реката кое ја следи случката, а постојано се слуша и завивање.
Жители на Бродец ни посведочија дека мечката со мали мечиња постојано го „посетува селото“ и се доближува на десетина метри до првите куќи, најверојатно во потрага по храна.
