ВИДЕО | Вкусни палачинки од само три состојки според рецептот на Карли Клос: Совршени избор кога доцна во ноќта ќе посакате нешто слатко

Палачинки
Фото: Unsplash

Веруваме дека веќе сте ја пробале стандардна варијанта за подготовка на палачинки со основните состојки: јајца, брашно, млеко, вода, шеќер, масло.

Доколку сакате да пробате нов рецепт погледнете го видеото на познатата манекенка Карли Клос која ќе ве инспирира да подготвите вкусни и здрави палачинки за чија подготовката користи само три состојки. Не верувате во тоа? Пробајте го нејзиниот рецепт.

Состојки:

  • Овесни снегулки
  • Банана (зрела)
  • Јајце

Подготовка:

Бананата добро изгмечете ја со вилушка, потоа додадете го јајцето и добро измешајте, па додадете една рака овесни снегулки. Загрејте ја тавата, како и за обични палачинки, со тоа што претходно ќе додадете малку путер или масло. Сипете со лажица од смесата и печете ги додека не поруменат. По желба можете да ги прелиете со јаворов сируп или да ги послужите со шумско овошје по желба.

Видео на денот