Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

ВИДЕО | Судири меѓу демонстранти и полиција на протест во Брисел, службите фрлаа и солзавец

За време на протестот против планираните реформи во дел од белгискиот образовен сектор, во Брисел денеска се судрија демонстрантите и полицијата, па собирот стана тензичен и насилен, пренесува Ројтерс.

Полицијата употреби солзавец против демонстрантите во центарот на Брисел, кој беше затрупан со отпадоци и вандализирани велосипеди и улични знаци. Некои излози беа искршени. Бриселската полиција им препорача на граѓаните да го избегнуваат подрачјето околу главната железничка станица во градот.

Белгиските медиуми известија и за протести во други франкофонски градови, вклучувајќи ги Намур и Шарлроа, иако тие биле претежно помирни од оние во Брисел.

Владата на Француската заедница во Белгија, која е надлежна за француското образование, планира да ги зголеми годишните школарини за високо образование од 835 на 1.194 евра за поголемиот дел од студентите.

Иако тоа се смета за „ниско“ зголемување според меѓународни стандарди, сепак претставува зголемување од 35%, кое владата го оправдува како дел од мерки за намалување на трошоците и приближување на таксите до оние во фламанските универзитети.

Другите предложени мерки вклучуваат обврска за наставниците со ученици во завршните години на средното образование да преземат по два дополнителни часа во училница неделно без дополнителна плата, како и ревизија на правилата за добивање мандат (tenure).

„Ќе мора да работиме повеќе за истата плата, а условите за работа ќе се влошат, со тоа што повеќе луѓе ќе имаат поголеми паралелки“, изјави Мари, наставничка која учествувала на протестот.

На денешната прес-конференција, лидерот на владата на Француската заедница, Елизабет Дегриз, го бранеше зголемувањето на школарините во услови на оптоварени јавни финансии, додавајќи дека владата се соочува со дефицит од 1,9 милијарди евра.

„Нашата цел со овие мерки е да се ослободат средства за повторно инвестирање во секторот“, изјави министерката за образование Валери Глатини.

ВИДЕО | Немири во Британија по убиството на студент, демонстрантите тргнаа кон куќата на убиецот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот