ВИДЕО: Страшна несреќа на трката во Бахреин, Грожан се здоби со изгореници!

Фото: EPA-EFE/Kamran Jebreili/Pool

Францускиот возач во Формула 1, Роман Грожан, кој попладнево имаше страшна несреќа на трката во Бахреин, според првичните информации се здоби со изгореници на рацете и нозете.

– Роман е во ред, не сакам да дадам медицински коментар, но имаше лесни изгореници на рацете и глуждовите. Очигледно е потресен..Сакам да им се заблагодарам на спасувачките екипи кои беа многу брзи.

Редарите и луѓето на ФИА завршија одлична работа, беше страшно, како претпазливост и за понатамошно медицинско набљудување, нашиот пилот ќе биде префрлен во болница – соопштија од тимот Хас.

Трката во Бахреин која беше прекината по самиот старт, во моментов е прекината поради санација на заштитната ограда на местото каде удри болидот на Грожан.

Во саботните квалификации до пол позицијата дојде пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот