Ништо ново во Формула 1, пол позицијата за Хамилтон

epa08846785 British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas in action during the second practice session of the Formula One Grand of Bahrain on the Bahrain International Circuit in Sakhir, Bahrain 27 November 2020.The Formula One Grand Prix of Bahrain will take place on 29 November 2020. EPA-EFE/Kamran Jebreili / Pool

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Бахреин која ќе се вози утре.

Британецот на патеката „Сакир“ дојде до 98. пол позиција во кариерата откако во квалификациите имаше најдобро време од 1:26.264 минути што е нешто помалку од три стотинки побрзо во однос на времето на неговиот клупски колега, Валтери Ботас.

Третото најбрзо време во квалификациите го имаше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Хамилтон кој веќе ја обезбеди седмата шампионска титула со што се израмни со Михаел Шумахер, беше недопирлив за време на квалификациите и не дозволи неизвесност во битката за пол ползицијата.

Единствено Ботас и Ферстапен беа до четири десетинки поспори од Британецот во квалификациите, останатите не беа во конкуренција. Најдобар меѓу останатите беше вториот возач на Ред Бул, Александер Албон кој имаше една секунда поспоро време од Хамилтон, а шест десетинки во однос на клупскиот колега.

Петтото најбрзо време му припадна на Серхио Перез од Рејсинг Поинт по што следеше двоецот од Рено, Даниел Рикиардо и Естебан Окон. Најдобрите 10 возачи во квалификациите ги комплетираа Ландо Норис од Мекларен и Данил Квјат од Алфа Таури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот