ВИДЕО | Стилски мебел и златен есцајг! Ѕирнете во луксузната вила на Крис Џенер вредна 20 милиони долари!
Кајли Џенер ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со делче од семејната интима, споделувајќи ретки фотографии од луксузниот дом на нејзината мајка Крис Џенер, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Познатата милијардерка и сопственичка на козметичка империја ја документирала „ноќта кај мама“ преку серија видеа и фотографии кои откриле како изгледа вечерта во вила вредна дури 20 милиони долари во елитниот дел на Хајден Хилс, Калифорнија.
Кајли прво покажа луксузна спална соба со цветни тапети, а потоа покажа вечера за двајца во дворот на Џенер, маса со поглед на базенот, украсена со чинии со мотиви од лимон, златен есцајг и свеќи.
Подолу, таа покажа детали од ентериерот на домот, вклучувајќи раскошен камин, стилски лустери, како и подарокот што ѝ го однела на мајка си – елегантна ѕидна ламба.
Кајли сподели и детали од вечерната релаксација со своите обожаватели: коктели од вотка и сода, но и сет со запалка со монограм, цигари и пепелник со мотиви од бабушка.
Да потсетиме, Крис моментално ја продава својата позната вила од 13,5 милиони долари, каде што се снимени бројни епизоди од реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“. Таа сега живее веднаш до нејзината ќерка Клои, каде што двете ги споија своите имоти во еден голем семеен имот.
Кајли, од друга страна, живее во вила вредна 36,5 милиони долари, заедно со ќерката Сторми (7) и синот Ера (3).


