Стампедо на Хаити / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Стампедо во историска тврдина на Хаити – има загинати и повредени

Најмалку 30 луѓе загинаа во стампедо во историската тврдина Лафериер на Хаити во саботата. Властите предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми.

Тврдината од 19 век, која е дел од светското наследство на УНЕСКО, е една од најпопуларните туристички атракции во земјата и била преполна со студенти и посетители кои присуствувале на годишен фестивал во времето на несреќата, објави Скај њуз.

Премиерот на Хаити, Аликс Дидие Филс-Еме, потврди дека „многу млади луѓе“ биле меѓу присутните, но не ги објави идентитетите на жртвите, ниту пак даде конечна проценка за бројот на жртви. Во официјално соопштение, тој изрази „искрено сочувство до ожалостените семејства
и го изрази своето длабоко сочувство за нив во ова време на тага и големо страдање“.

Шефот на цивилната заштита за департманот Север на Хаити, Жан Анри Пети, рече дека катастрофата се случила на влезот во тврдината и дека ситуацијата е дополнително влошена од дождот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот