ВИДЕО: Славната пејачка го запре концертот за да зборува за правото на абортус

Фото: ЕПА

Младата пејачка Оливија Родриго го прекина својот концерт во Вашингтон за да зборува за правото на жените на абортус.

19-годишната Оливија запре меѓу песните за да и се обрати на публиката.

„Бидејќи сме во Вашингтон, не можев да ја пропуштам можноста да кажам колку ми се кине срцето поради потенцијалната одлука на Врховниот суд. Нашите тела никогаш не треба да бидат во рацете на политичарите“, рече таа и доби поддршка од публиката.

„Се надевам дека можеме да го кренеме гласот за да го заштитиме нашето право на безбеден абортус, право за кое многу луѓе пред нас работеа толку напорно за да го постигнат“, додаде тинејџерката, која Билборд ја прогласи за жена на годината.

За потсетување, судиите во американскиот Врховен суд се подготвуваат да го повлечат еден од најважните потези во поновата американска историја – укинување на пресудата „Roe vs. Wade“, која на жените во САД им го гарантираше правото на абортус, надвор од законите на поединечните држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот