ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Петар Грашо подготвен за концертот во Скопје: „Дорис е вистинска дива, а публиката ќе доживее незаборавна вечер“
На 14 март Скопје ќе се претвори во музичка магија, кога еден од најголемите регионални поп-изведувачи, Петар Грашо, ќе настапи во Арена Борис Трајковски. Во ексклузивно видео-интервју за „Слободен печат“, Грашо зборуваше за подготовките за големиот настап, за посебната соработка со легендарната Дорис Драговиќ, но и за моменти од сцената кои ја обликувале неговата кариера. …

