Петар Грашо / Фото: Слобден печат / Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Петар Грашо подготвен за концертот во Скопје: „Дорис е вистинска дива, а публиката ќе доживее незаборавна вечер“

На 14 март Скопје ќе се претвори во музичка магија, кога еден од најголемите регионални поп-изведувачи, Петар Грашо, ќе настапи во Арена Борис Трајковски. Во ексклузивно видео-интервју за „Слободен печат“, Грашо зборуваше за подготовките за големиот настап, за посебната соработка со легендарната Дорис Драговиќ, но и за моменти од сцената кои ја обликувале неговата кариера.

Кога зборува за заедничките настапи со Дорис, Грашо открива колку ја цени нејзината музичка енергија и искуство.

– Дорис ја познавам пред се’, многу години. Дорис е легенда. Таа ја започнала својата кариера уште во времето на Југославија. Јас почнав дури во ’96, а Дорис ја започнала, би рекол, можеби десетина години порано. Така што, таа е навистина вистинска дива. Покрај тоа, моја драга пријателка, имаме заедничка песна што остана како голем хит, создадена одамна, во 1998 година. До сега не сме имале многу прилики да настапуваме заедно, но сме настапиле неколку пати и тоа беше фантастично. Кога размислувавме како да направиме вистински спектакл во арената, дојдовме до идеја дека покрај мене треба да има изведувач што ја следи енергијата на морето, енергијата на Медитеранот. Не се многу такви, а една од нив е токму Дорис Драгоевиќ.Таа со големо воодушевување го прифати тоа, особено што Дорис имала концерт во Скопје, покрај тоа што била гостинка кај Оливер Драговиќ со 2-3 песни пред неколку години. Пред тоа, мислам дека не била во Македонија, не настапувала во Скопје 30 години.Ете, ова ќе биде нејзина прва средба со македонската публика на вистински начин, а мене тоа ме радува“ – вели Грашо.

Но, подготовките за големи концерти не се само убави моменти на сцената. Грашо открива како се справува со непредвидливите ситуации и како ја одржува врската со публиката.

– Што се однесува до самата техника, секако дека се случувало на големи концерти, најчесто да снема струја. Јас во тие моменти сум сосема мирен. Прво, затоа што знам дека не е до мене. Второ, во моментот кога се случи некаков таков проблем или непријатност, важно е како зрачиш кон публиката. Ако покажеш паника, ако застанеш, ако почнеш да гледаш наоколу луто или да гестикулираш, тогаш и тие се нервозни. Јас само викам: „Снема струјата, не ни може никој ништо, посилни сме од судбината, ајде да пееме!“ И тогаш почнуваме. Ми се случи неодамна, на отворен концерт во еден град, удри гром. Некаде далеку, немаше дожд, снема струја во целиот град, снема сè. Јас реков: „Луѓе, како што гледате, нема струја. Дали сакате да си одам или ќе пееме без ништо?“ Во еден момент, тоа навистина беше прекрасно – 4-5 илјади луѓе ја пееја со мене таа песна, која беше прекината поради струјата. Дури и за 2-3 минути, и обично во тој период струјата се враќа. Ако не, јас велам: „Одам, не си одете, сè е добро, сè е во ред.“ Знаете, создавате добра атмосфера, луѓето се смеат, и дури тој лош момент го претворате во еден од хајлајтите на концертот, каде сите раскажуваат: „Знаеш, снема струја, а Грашо пееше со нас, анплагд“. Нема нешто што може да се случи, а да ме извади од такт. Во најголем дел, досега тоа биле решливи проблеми, никогаш не сме прекинале концерт и да не се вратиме“ – раскажува Грашо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот