Концерт на Лејди Гага во Рио / Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

ВИДЕО | Лејди Гага мораше да го прекине концертот во Сиднеј: Поради дождот, еден танчар падна од бината

Лејди Гага била принудена да го прекине својот настап во Сиднеј среде концерт откако еден од нејзините танчари паднал од бината поради обилниот дожд, пренесува „Билборд“.

Настапот се одвивал на отворениот стадион Акор (Accor) во Сиднеј, а дожд паѓал целиот концерт. Гага започнала со сет-листата од 31 песна, изведувајќи хитови како „Judas“, „Poker Face“ и „Aura“, пред да дојде до инцидентот.

Два часа по започнувањето на настапот, незгодата предизвикала привремено прекинување на настанот. На мократа подлога, танчарите брзо се упатиле кон предниот дел на бината. Еден од нив, по име Мајкл Дамески, паднал за време на кореографијата, а пејачката веднаш го прекинала настапот.

Лејди Гага и нејзините танчари се повлеклеза време на неочекуваната пауза за да најдат соодветна облека и обувки. Потоа продолжиле со настапот, со изведби на песни како „Rain On Me“, „How Bad Do You Want Me“ и „Always Remember Us This Way“.

Фановите ја поздравиле постапката на Гага, а танчарот подоцна се огласил на Инстаграм за да им се заблагодари на сите фанови кои го контактирале за да проверaт како е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот