ВИДЕО | Скандал на настап на познатата пејачка: Со микрофон удри девојка од публиката

Фото: Принтскрин/ Твитер

Настапот на познатата пејачка Карди Би, во Лас Вегас беше проследен со скандал, а на социјалните мрежи веќе се прошири видеото, каде се гледа како фрла микрофон кон девојка од публиката.

Пејачката вчера била видно вознемирена, откако девојка од публиката ја испрскала со пијалак на настапот во Лас Вегас. Нејзината реакција била бурна, па таа ја удрила со микрофонот, а на видеото може да се види дека пејачката била многу прецизна.

Обезбедувањето брзо реагирало, за да ја смири ситуацијата, а по инцидентот, настапот на Карди продолжил.

Инаку, настапот на Карди Би наводно доцнел речиси два часа и покрај високата температура од 45 степени Целзиусови, што предизвикало незадоволство кај многу обожаватели.

Пејачката покажала агресивно однесување и ноќта пред овој настап, кога фрлила микрофон кон диџејот, бидејќи ѝпрекинал една песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот