ВИДЕО: Серена Вилијамс ја заврши кариерата со пораз во третото коло на „УС Опен“
Американската тенисерка Серена Вилијамс ја заврши кариерата во Њујорк, со пораз во третото коло на грен слем турнирот „УС Опен“. Вилијамс, која овој месец ќе го слави 41 роденден, неодамна најави дека ова ќе биде најверојатно нејзиниот последен турнир.
Препорачано
Одигра одличен меч за крај на својата 27-годишна професионална кариера, но загуби од Ајла Томљановиќ (Австралија) со 7:5, 6:7 (5), 6:1.
Тоа бешe меч полн со емоции, пресврти, подеми и падови за двете тенисерки, а буквално никој на преполниот стадион „Артур Еш“, но ниту оние кои гледаа крај малите екрани, не можеа да останат рамнодушни по тие три часа и пет минути игра.
Поранешната долгогодишна прва тенисерка на светот број еден спаси пет меч топки, но не можеше да ја спречи и шестата. Со солзи на лицето, Вилијамс им се заблагодари на семејството, тимот, публиката и фановите ширум светот за поддршката во текот на сите години од нејзината кариера.
Имаше големи успеси на грен слем турнирите, по седумпати ги освои „Австралија опен“ и „Вимблдон“, шестпати „УС Опен“ и трипати „Ролан Гарос“.


