ВИДЕО: Сега Кристијано Роналдо ја излажа јавноста околу „Златните топки“!

Кристијано Роналдо призна во интервју дека би сакал да има повеќе „Златни топки“ од Лионел Меси/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

На социјалните мрежи повторно е актуелен дел од интервјуто кое Кристијано Роналдо го имаше во 2019 година и во кое зборува околу „Златната топка“.

Во претходните денови во центарот на вниманието беше свечената церемонија која се случи во Париз и каде што Лионел Меси ја освои рекордната седма „Златна топка“.

Пред да се организира тој голем настан во францускиот главен град, организаторот, главниот уредник на „Франс Фудбал“ кој ја доделува оваа награда, Паскал Фере изјави дека Португалецот Роналдо до крајот на својата кариера има само една цел, а тоа е да го престигне Меси по бројот на „Златни топки“.

На тоа веднаш демантираше Роналдо преку својот Инстаграм профил директно до Фере да не се претставува лажната слика пред јавноста.

После таа објава на интернет почна да кружи видео кое не оди во прилог на играчот на Манчестер јунајтед. Тој веќе еднаш зборуваше за ривалството со Меси за „Златната топка“:

– Кој рекорд би сакал најмногу да го имам? На пример, би сакал да имам најмногу „Златни топки“ во историјата на фудбалот. И мислам дека тоа го заслужувам. Меси е фантастичен човек и фудбалер, тој е во историјата на фудбалот но мислам дека морам да имам шест, седум или осум „Златни топки“, воглавно повеќе од него – беа зборовите на Роналдо.

Се огласи и Левандовски: Ја освоив наградата за најдобар напаѓач, но…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот