Официјално: Лео Меси ја освои седмата „Златна топка“

Лионел Меси
Лионел Меси е најдобар фудбалер во светот, со Аргентина успеа да ја освои „Копа Америка“ / Париз, Франција / 29 ноември 2021 / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Аргентинецот во годината зад нас немаше големи успеси во клупскиот фудбал, со Барселона го освои само Кралскиот куп, но затоа со репрезентацијата дојде до трофејот на „Копа Америка“ или негова прва голема титула со националната селекција.

Лионел Меси, фудбалерот на ПСЖ, ја освои рекордната седма „Златна топка“, која се доделува традиционално за најдобар фудбалер на годината.

Дури трипати беше поразен во финалето на јужноамериканскиот шампионат (2007, 2015, 2016 година), но годинава конечно се искачи на врвот во ова репрезентативно натпреварување. Аргентина чекаше 28 години на титулата шампион на Јужна Америка, од 1993 година, и дочека на „крилјата“ на Меси да дојде до трофејот.

Играчот сега има две „Златни топки“ повеќе од Кристијано Роналдо кој оваа година не се најде во потесниот круг номинирани за наградата.

Воедно за најдобар голман во 2021 година е прогласен Џанлуиџи Донарума (членот на ПСЖ), додека најдобра фудбалерка на светот е Алексија Путелас од редовите на Барселона.

Левандовски ја освои наградата за најдобар напаѓач на светот

Видео на денот