Левандовски ја освои наградата за најдобар напаѓач на светот

Роберт Левандовски, полската „гол-машина“ на Баерн Минхен има импресивна статистика/Париз, Франција/29 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски вечерва во Париз (Франција) ја доби наградата за најдобар напаѓач на светот, кој оваа година за првпат се доделува.

Апсолутно заслужено ова признание завршува во рацете на полскиот напаѓач кој се надева дека може да дојде и до „Златната топка“.

Имаше одлични перформанси во текот на минатата натпреварувачка сезона, баш како и оваа во која веќе постигна 25 голови на 20 мечеви.

Лани изборот за престижната награда која ја доделува „Франс фудбал“ не беше организиран поради пандемијата на коронавирус.

Многумина сметаат дека му беше нанесена голема неправда врз Левандовски, кој имаше фантастична статистика и го водеше Баерн до освојување на сите најважни трофеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот