Се огласи и Левандовски: Ја освоив наградата за најдобар напаѓач, но…

Левандовски заврши на второто место во гласањето за фудбалер на годината во изброт на „Франс фудбал“/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Лионел Меси вчера по седми пат ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во изборот на „Франс фудбал“, а славеше пред напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој денеска се огласи на социјалните мрежи.

Меси до признаението дојде со 33 гласови повеќе од Полјакот, а многумина фудбалски фанови и фудбалски работници сметаат дека токму Левандовски требаше да ја добие оваа престижна награда.
Денеска се огласи Левандовски кој му честиташе на Аргентинецот за признанието.

– Прво сакам да му честитам на Лионел Меси на освојувањето на „Златната топка“. Сакам да се заблагодарам на секој новинар кој гласаше за мене и сметаше дека направив нешто важно во 2021 година. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината, но ниту еден играч не може да освои индивидуална награда без помош на соиграчите и верните навивачи.

Му се заблагодарувам на Баерн кој ми даде можност да ги успијам и да ги исполнам своите соништа. Исто така им благодарам на соиграчите од Баерн и на репрезентацијата на Полска но и на навивачите кои ме поддржуваат секој ден и тоа многу ми значи. Сега најважното, голема благодарност до семејството, фала мајко, фала Ана – вие сте љубов на мојот живот и мои најдобри пријатели. Благодарност до сестра ми Милена и сите пријатели и луѓе околу мене кои секојдневно ми даваат поддршка. Вие сте темелот на моите успеси“, напиша Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот