Роналдо: Лага е дека сакам да имам повеќе „Златни топки“ од Меси!

Изјавата на главниот уредник на „Франс фудбал“ за Кристијано Роналдо е лажна/Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Изборот за „Златната топка“ полека ја достигнува својата кулминација, и тоа непосредно пред официјално да се прогласи освојувачот на „Златната топка“ во Париз, Франција.

Сè полека изгледа како фарса, а „Франс Фудбал“, кој го организира изборот, измисли две нови награди на денот на прогласувањето на победникот.

Сега се огласи и Кристијано Роналдо кој дополнително го закова веќе циркусот од свечената церемонија. Португалецот не е фаворит годинава, но смета дека не ни заслужил за него лажно да се зборува пред јавноста.

Главниот уредник на „Франс Фудбал“, Паскал Фере, го привлече внимането со својата изјава од пред два дена во која тврди дека амбиција на Роналдо до крајот на кариерата му е да го престигне Лионел Меси по бројот на „Златни топки“.

Моментно Аргентинецот има шест, а Португалецот пет „Златни топки“, а постојат сите шанси членот на ПСЖ и по седми пат да ја освои наградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

– Денешниот избор ги објаснува минатонеделните изјави на Паскал Фере, кога рече дека е убеден дека мојата единствена цел е кариерата да ја завршам со повеќе „Златни топки“ од Лионел Меси. Паскал Фере лажеше, го искористи моето име за да се промовира себеси и магазинот за кој работи.

Неприфатливо е одговорниот за доделување на вакво престижно признание да лаже на тој начин, неговите зборови се чисто непочитување кон личност која отсекогаш го ценела „Франс фудбал“ и изборот за Златната топка – стои во дел од објавата на Роналдо објавена на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот