ВИДЕО | Риалити ѕвезда жали: Естетската операција од 25.000 долари ми го уништи животот!
Џеси Нгатикаура, ѕвездата на ријалити шоуто „Тајни животи на мормонски жени“, вели дека се чувствува многу несигурно по пластичната операција вредна околу 25.000 долари, односно приближно 23.000 евра, од чии резултати, како што тврди, е крајно незадоволна. Во видеото што го објабила на Тикток во четвртокот, таа низ солзи призна дека процедурата, според неа, ѝ го уништила животот и кариерата.
Препорачано
– Многу ми е тешко. Искрено, чувствувам дека последната операција ми го уништи животот. Знам дека звучи драматично, но мојата работа многу зависи од мојот изглед. Пред камери сум, снимам ТВ-емисија, морам да давам интервјуа, а сега сите ме напаѓаат – рекла Џеси.
Нгатикаура додала дека одењето на операцијата ја загрозува нејзината кариера.
– Не ми е пријатно да прифаќам нови деловни можности, но морам – рекла таа.
@_justjessiiiiDon’t know what’s going on with my nose with this filter.. but be kind 🫶🏼♬ original sound – Jessi Draper
Риалити ѕвездата, која минатиот месец ја откри цената на процедурата, ги замоли интернет троловите да престанат да коментираат за нејзиниот изглед, иако призна дека делумно се согласува со нивните критики.
– Сакам сите да знаат дека сум крајно незадоволна од резултатите. Моето лице изгледа ужасно и целосно разбирам зошто луѓето го велат тоа.
Нгатикаура, позната по тоа што е отворена со своите обожаватели, признала дека „не била сосема сигурна во што се вовлекува“. Првично планирала само долна блефаропластика, т.е. корекција на очните капаци, но ѝ било советувано да направи и горна блефаропластика и трансфер на сопственото масно ткиво.
– Искрено, не сакав трансфер на маснотии. Некако, само го послушав предлогот, не разбирајќи навистина што подразбира процедурата, што ќе ми направи, какви ќе бидат резултатите и какво ќе биде закрепнувањето – рекла Џеси.
Гледајќи сега назад, таа рекла дека жали што „не поставувала повеќе прашања“ и што не добила повеќе информации од докторот.
Таа исто така тврди дека ѝ ставиле масно ткиво во усните, што таа „не го побарала ниту го сакала“, што ги направило нејзините усни „многу грутчести“.
Нгатикаура, исто така, ги предупреди своите следбеници за тоа како ќе изгледа во претстојната петта сезона од серијата.
– Кога ќе ја гледате петтата сезона, ќе биде уште полошо. Изгледам проклето одвратно во текот на целата петта сезона. Лицето ми е отечено, очите ми изгледаат чудно, не личам на себе – рекла таа.
– Многу сум несигурна. Знам дека изгледам сосема поинаку и го мразам тоа. Навистина го мразам. Гледам стари фотографии од себе. Ја гледам четвртата сезона и си велам: „Проклетство, изгледав навистина добро“. Жалам што не ја видов тоа тогаш. Ќе се расплачам додека зборувам за тоа.
На крајот, таа заклучи дека нејзините несигурности ја заслепуваат и дека поради нив не може да види колку е убава дури и без операција. Иако сфаќа дека „поради тие несигурности, отишла предалеку“, таа го нарекува ова искуство „најголемата животна лекција“ и тврди дека, освен ботоксот, повеќе нема да се занимава со никакви третмани на лице.
View this post on Instagram
Нгатикаура ги охрабри другите кои размислуваат за естетски процедури да „размислат внимателно, да истражат сè и да си дадат време“.
– Во ред е да се чувствувате убаво во сопствената кожа и да достигнете ниво на самодоверба каде што повеќе не чувствувате дека ви треба ништо – заклучила таа.


