ВИДЕО: Прво место за Андреас Трајковски на атлетскиот митинг во Штутгарт

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски/фото: AK Rabotnicki

Андреас Трајковски постигна нов врвен резултат откако беше првопласиран во скок во далечина на атлетскиот митинг во Штутгарт, Германија.

Македонскиот атлетичар продолжува да реди успеси на меѓународната сцена, со скок од 7,67 метри во последната серија го освои првото место.

На втората позиција се најде Марко Чеко од Хрватска (7,65 метри), а на третото место Дамаркус Симпсон од САД (7,41 метри).

Резултатите од сите натпреварувачи можете да ги погледнете на следниот ЛИНК, а на видео записот и скокот на Трајковски.

Потсетување дека Трајковски минатата недела со скокот од 7,75 метри дојде до бронзата на Балканијадата во Краљево, Србија.

Пред настапот во Штутгарт се наоѓаше на 22 место на Европската ранг листа, а на 70 место на Светската ранг листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот