ВИДЕО | Пендаровски од Загреб: За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

Стево Пендаровски Зоран Милановиќ

Хрватска е една од најголемите поддржувачи на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Ние сме и благодарни на Хрватска за искрената поддршка и одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб.

Секоја земја, додаде Пендаровски, се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет, но без соработка меѓу државите, според него, тоа би било недоволно.

– Нашите две држави, нашите граѓани ги поврзуваат длабоки историски и културни врски, ние сме блиски по географија, слични по јазик, култура и по менталитет, светоглед и вредности, рече Пендаровски.

Хрватскиот претседател Милановиќ посочи дека на средбата што ја одржаа со Пендаровски разговарале, меѓудругото и за европскиот пат на нашата држава.

– Нема да биде едноставно ќе биде потребно многу труд, ќе треба пријателска помош, многу дискусија, уверување… Хрватска знае колку упорност и здодевна, макотрпна работа е потребна да се постигнат тие цели, истото ја чека и Северна Македонија на тој пат, ќе дадеме сѐ од себе да нема лутања, рече Милановиќ.

ВИДЕО | Милановиќ во одбрана на македонскиот јазик и идентитет: Неморално е да оспорувате нечиј јазик, тоа е идентитет на еден народ

ФОТО+ВИДЕО: Пендаровски пречекан од Милановиќ со државни и воени почести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот