ФОТО+ВИДЕО: Пендаровски пречекан од Милановиќ со државни и воени почести

Стево Пендаровски Зоран Милановиќ
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна неговата дводневна официјална посета на Република Хрватска.

По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска одржаа пленарен состанок за време на кој беа потврдени искрените пријателски односи и плодниот политички дијалог меѓу двете држави. Притоа, беа разменети мислења за повеќе аспекти од билатералните односи, беше реафирмиран константниот интерес за нивно натамошно продлaбочување, а покрај останатото, соговорниците разгледаа и прашања од значење за европската иднина на Република Северна Македонија и регионот на Западен Балкан.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

– Хрватска е постојан поддржувач на нашите европски интеграции и за време на посетата на претседателот Пендаровски се очекува да биде реафирмирана поддршката за Северна Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, велат од кабинетот на претседателот.

Стево Пендаровски Зоран Милановиќ Елизабета Ѓорѓиевска-Пендаровска Сања Мушиќ-Милановиќ
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Пендаровски денеска ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ и со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во четврток претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот