Црвена звезда/Партизан EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Партизан и вторпат ја победи Црвена звезда за финале во АБА лигата

Екипата на Партизан е првиот финалист во АБА лигата, откако со 2-0 во серијата ја елиминираше Црвена звезда.

По победата во првиот натпревар пред три дена, „црно-белите“ славеа и вечерва со 89-78 и без поголеми проблеми ја завршија полуфиналната серија.

Партизан уште од почетокот ја презеде контролата на натпреварот. Првата четвртина ја доби со 28-16, а на полувреме замина со предност од 49-33. Во третата четвртина разликата отиде и на 20 поени (60-40), по што Црвена звезда не успеа да се врати во натпреварот и во ниту еден момент не ја намали разликата на едноцифрена.

Во финалето, Партизан ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Дубаи и Будуќност, каде тимот од Обединетите Арапски Емирати поведе со 1-0 по победа од 104-90.

Ова беше шести меѓусебен дуел сезонава меѓу вечните ривали во три натпреварувања, а Партизан сега има четири победи наспроти две на Црвена звезда.

За Црвена звезда ова е втора сезона по ред во која настапот во АБА лигата го завршува во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот