Селена Гомез и Бени Бланко во неговиот поткаст „Пријатели чуваат тајни“ / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | „Ова е непријатно за гледање“: Селена Гомез му ги бакна стапалата на сопругот Бени Бланко во поткаст

Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика бурни реакции на социјалните мрежи откако во поткастот на нејзиниот сопруг Бени Бланко, „Пријатели чуваат тајни“ (Friends Keep Secrets), му ги бакна стапалата за време на разговор.

Во текот на снимањето, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата крената на масата. Во еден момент, таа се наведнала и го бакнала неговиот прст на ногата, што предизвикало изненадување кај водителите и гледачите.

„Ти се допаѓа тоа?“, се пошегувал Бланко, на што Гомез му одговорила да не прави „драма“ околу моментот.

Подоцна тој признал дека гестот му го разубавел денот и повторно изразил колку ја сака.

Сепак, видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари. Дел од корисниците изразија згрозеност и напишаа дека сцената им била „непријатна“ за гледање, додека други се пошегуваа дека се надеваат дека снимката е направена со вештачка интелигенција.

Контроверзијата доаѓа само една недела откако Бланко беше предмет на критики поради претходна епизода од подкастот, во која некои гледачи коментираа дека неговите стапала изгледале нечисти. Тој подоцна реагираше во ноќното шоу на Џими Кимел и во живо пред камерите покажа дека, како што рече, има „совршено чисти стапала“.

Да потсетиме, Гомез и Бланко се во врска од 2023 година, се свршија една година подоцна, а се венчаа во септември 2025 година на церемонија во Санта Барбара, Калифорнија.

ВИДЕО | „Човеку, избањај се“: Сопругот на Селена Гомез ги покажа валканите нозе среде поткаст, луѓето се згрозени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот