Бени Бланко во неговиот нов поткаст / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | „Човеку, избањај се“: Сопругот на Селена Гомез ги покажа валканите нозе среде поткаст, луѓето се згрозени

Американскиот продуцент Бени Бланко го започна поткастот „Пријателите чуваат тајни“ (Friends Keep Secrets) заедно со својот пријател Лил Дики и неговата сопруга Кристин Баталучо. Иако досега е објавена само една епизода, поткастот веќе привлече големо внимание во јавноста, но не од причините што се очекуваа.

На гледачите веднаш им привлече внимание еден детаљ од самиот почеток. Додека седеше на каучот со ко-водителите, Бланко ги крена нозете и ги покажа табаните, кои беа видливо извалкани. Дополнително, на почетокот на епизодата и испушти гас, што предизвика негативни реакции кај дел од публиката.

Бени Бланко во неговиот нов поткаст / Фото: Скриншот/Јутјуб

На социјалните мрежи брзо се отворија дискусии за неговата хигиена и однесување. „Изгледа валкано“, „Годината е 2026, а Бени Бланко како да е заглавен во каменото доба“, „Да го започнеш поткастот вака остава многу лош прв впечаток. Испушта гас и става валкани стапала на каучот. Тоа е одвратно и непотребно“, „Постои разлика меѓу смешно и одвратно“, беа дел од коментарите. Имаше и такви што оценија дека почетокот бил необичен, но интересен.

Бланко неодамна објасни зошто решил да започне поткаст со своите пријатели.

„Во свет полн со Ендрју Тејт и ужасни луѓе, видов можност бидејќи сакам да поминувам време со моите пријатели. Се случи моите двајца најдобри пријатели да бидат најсмешните луѓе што ги познавам, можеби и најсмешните на светот. Имаме многу разновиден круг пријатели, па понекогаш гостин ќе биде мојата мајка, а понекогаш Селена Гомез“, изјави тој за „Холивуд репортер“.

Инаку, Бени Бланко е во романтична врска со Селена Гомез од пред три години, што таа го потврди на својот инстаграм-профил. По нешто повеќе од една година врска, тие се свршија во декември 2024 година, а стапија во брак на 27 септември 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот