Бед Бани - Фото: EPA/CHRIS TORRES

ВИДЕО | Откриена е мистеријата на дресот со број 64, кој Бед Бани го носеше на Супербоул

За време на паузата на Супербоул во неделата, раперот Бед Бани приреди вистински спектакл. Сепак, многумина се прашуваа што значи бројот 64 на дресот што го носеше, пренесува „Пејџ Сикс“.

Брзо се огласи популарниот музичар Бед Бани кој ги воодушеви гледачите со спектакуларниот настап кој го отвори со песната „Tití Me Preguntó“, а на сцената му се придружија Лејди Гага и Рики Мартин. Со нив играа и бројни ѕвезди, меѓу кои Џесика Алба и Педро Паскал.

Иако многумина очекуваа неговиот настап да биде исполнет со критики кон Доналд Трамп и американската имиграциска служба ICE, како што беше случај на доделувањето на Греми наградите, Бед Бани овојпат политичката порака ја насочи кон заедништвото. Со оглед на тоа дека секој дел од настапот носеше посебна приказна, публиката се прашуваше и што точно значи еден детал на неговиот дрес.

Мистеријата со број „64“

Бед Бани носеше дрес со презимето „Окасио“ и бројот 64. Дресот го облече преку кошула и вратоврска.

Многу фанови брзо почнаа да шпекулираат за значењето на бројот. Некои мислеа дека е почит кон неговата мајка, на која претходно емотивно ѝ се заблагодарил на поддршката, додека други го поврзуваа со албумот „El Último Tour del Mundo“.

Во соопштението, порториканскиот музичар ја откри вистината.

Емотивна посвета на покојниот вујко

„1964 е годината на раѓање на мојот покоен вујко Кути, брат на мојата мајка.„Отиде во САД да работи кога имаше 17 години и никогаш не се врати во Порторико, иако не посетуваше одвреме-навреме. Доаѓаше крајот на јануари или почетокот на февруари, па секогаш со него гледавме натпревари. Беше голем фан на Сан Франциско Фортинајнерс, тимот на чиј стадион настапив“, наведе Бед Бани и додаде дека токму вујкото го научил сè што знае за американскиот фудбал.

Тој откри и дека секогаш сакал да го одведе вујко си на Супербоул, но таа желба, за жал, не се остварила. Вујкото ненадејно починал пред две години.

„Затоа за Супербоул избрав дрес со презимето „Окасио“, неговото презиме кое го носи и мојата мајка, како и неговата година на раѓање – 1964“, изјави Бед Бани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот