ВИДЕO | Огромен кит се насука на брегот на Њујорк

Фото принтскрин Би-Би-Си

Од декември, 15 китови мистериозно се појавиле на источниот брег на САД, а последниот во оваа серија е грбавиот кит долг 7,6 метри кој се насука на брегот на американската сојузна држава Њујорк. Научниците сè уште не знаат што го предизвикува.

„Тоа е машки грбав кит. Ова е прв таков случај на оваа област во последните пет години. Ова е најголемиот кит кој се насукал на овие брегови во повеќе од една деценија”, рекол Дон Клавим од градот Хемпстед, како што пренесува Би-Би-Си.

Експертите наведуваат дека засега не гледаат причина за вакви инциденти, а локални активисти и научници се обидуваат да ја откријат причината за проблемот. Некои сметаат дека вината за насукувањето на китовите е поставувањето на ветерни електрани долж брегот, но локалните власти наведуваат дека нема докази за такво нешто.

„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“, рече Синди Зиф, директорка на „Клин Оушн Екшон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот