Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Новинарско прашање го налути Трамп: „Тоа е глупаво и срамно“

Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во остра вербална расправија со новинарка на „АБЦ Њуз“, откако таа го праша зошто неговата администрација се занимава со проекти за обнова додека трае војната со Иран, а цените на горивата нагло растат.

„Затоа што сакам нашата држава да остане убава и безбедна“, одговори Трамп.

Тој потоа жестоко нападна поради прашањето, оценувајќи го како „глупаво“.

„Поставивте толку глупаво прашање. Го уредуваме рефлектирачкиот базен кај Меморијалот на Линколн, го обновуваме споменикот на Вашингтон, а вие прашувате: ‘Зошто го поправате тоа?’“, рече американскиот претседател.

Трамп не застана тука, туку продолжи и со лични навреди кон новинарката, нарекувајќи ја „една од најлошите новинарки“ и „вистинска катастрофа“.

„Можеби вие подобро се разбирате во нечистотија од мене, но јас тоа нема да го дозволам“, изјави тој.

Во продолжение, повторно се наврати на нејзиното прашање, претставувајќи го како пример за однос кон јавните простори и спомениците.

„Таа прашува: ‘Зошто воопшто да се мачиме со поправките?’ Зошто би се трудел да извадам 11 или 12 камиони нечистотија од водата кај меморијалот на Линколн? Токму тоа ја направи нашата држава голема“, рече Трамп.

На крајот, тој оцени дека таквото прашање е „срам за нашата држава“.

 

Трамп вели дека војната „ќе заврши брзо“, додека Иран „сè уште го разгледува“ американскиот предлог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот