ВИДЕО: Неверојатната Фемке Бол како „молња“ во последните 50 метри

фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Холандската штафета во женска конкуренција со време од 3:20.72 минути го освои златото во дисциплината 4×400 метри на Светското првенство во атлетика во Будимпешта, Унгарија.

Во последната замена водеше натпреварувачката од Јамајка, Стејси Ен, пред британската атлетичарка Никол Јирџин, но во драматичен финиш прва низ целта помина Холанѓанката Фемке Бол.

Бол заостанува 15-20 метри зад Вилијамс, но со чудесен финиш ги престигна Ен и Јирџин.

– Бев трпелива, но пред крајот реков: „Не, мора да го освоиме ова“. Бев уморна, не се чувствував најдобро, но и другите пред мене трчаа и се трудеа – рече Бол.

Јамајка дојде до среброто со време од 3:20.88, а третопласираната Велика Британија ја заврши трката со време од 3:21.04 мин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот