ВИДЕО: На „Индијан Велс“ го имаме најчудниот ас во историјата на тенисот

Американецот Максим Креси го изведе најбавниот тениски ас/Фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

На мечот од првото коло во „Индијан Велс“ помеѓу Американците Максим Креси и Кристофер Јубенкс е забележан веројатно најчудниот сервис и ас во историјата на тенисот.

Тенисот е еден од оние спортови кои одвреме-навреме ве изненадуваат со нов или чуден удар кој досега не сте го виделе, а овој пат Креси беше тој кој ги остави воодушевени сите љубители на овој спорт.

На мечот против Јубенкс, во текот на вториот сет, Креси сервираше, а топчето непредвидливо полета како балон и на необичен начин успеа да реализира ас против неговиот сонародник.

Секако, сето тоа беше ненамерно и предизвикано од силен ветер кој дуваше во Индијан Велс, Калифорнија, каде што се организира турнирот.

На крајот Јбенкс победи со 2:1 во сетови, а во следното коло ќе игра со Норвежанецот Каспер Руд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот