ВИДЕО | На 72 години крева тегови: Опра Винфри го прослави роденденот во вежбалница
Опра Винфри неодамна го прослави својот 72. роденден со тренинг во вежбалница и тоа по примерот на Адел.
Препорачано
Познатата водителка објави видео од вежбањето на Инстаграм и призна дека немала поим што е „мртво кревање“ до неодамна, сè додека не разговарала со Адел.
Во видеото, Винфри ја покажа својата форма и дишење додека правеше пет повторувања.
– Не знаев што е мртво кревање. Се сеќавам дека Адел ми кажуваше како ја прави таа вежба, а јас се преправав дека знам за што зборува. Сега успеав – рекла Опра во видео од теретана.
Опра неодамна целосно го трансформираше својот изглед, а отворено зборуваше за тоа и призна дека користела инјекции за слабеење.
– Животот на 72 години изгледа поинаку од порано. Пред две лета, по операцијата на коленото, решив да воведам тренинг за сила бидејќи сите мора да ги зачуваме нашите мускули како што старееме. Не можам да кажам дека сум подготвена за Олимписките игри како Адел, но дефинитивно се чувствувам посилна. Затоа, во чест на уште еден роденден, пробајте нешто ново – рекла Опра.
Инаку, Опра отсекогаш ја истакнувала својата долгогодишна борба со тежината и открила дека повеќе не се срами од ништо, додека не обрнува внимание на сите негативни коментари.


