ВИДЕО: Моќната Барса ја продолжи резултатската криза на Севиља во „Ла Лига“

Роберт Левандовски, полскиот напаѓач на Барселона/Севиља, Шпанија/3 септември 2022/Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Трета победа во сезоната запишаа фудбалерите на Барселона кои на гостински терен, во четвртото коло од шпанската „Ла Лига“ ја совладаа Севиља со 0:3.

Барса го реши натпреварот во првото полуфинале кога постигна два голови. Во 21 минута за 1:0 стрелаше Рафиња, а во 36 минута екс играчот на Севиља Кунде одлично асистираше до Левандовски кој мајсториски со полуволеј реализираше гол за зголемување на позитивата.

Кунде беше и асистент на стартот од вториот дел, поточно во 50 минута кога во листата на стрелците се запиша и Ерик Гарсија.

Моментно на табелата во најсилниот шпански шампионат Барселона е на второто место со 12 бодови, два помалку од водечкиот Реал. А Севиља од почетокот на сезоната се наоѓа во резултатска криза, во првите четири мечеви има дури три порази и едно реми на 17 место.

Во саботата имаше уште три меча, Мајорка ремизираше со Жирона (1:1), со истиот резултат одиграа и екипите на Реал Сосиедад и Атлетико, додека Реал Мадрид го совлада Бетис (2:1).

Ла Лига, 4. коло

Сабота, резултати –

Мајорка – Жирона 1:1
Реал Мадрид – Бетис 2:1
Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид 1:1
Севиља – Барселона 0:3

Табела:

1.Реал Мадрид 12 бодови
2.Барселона 10
3.Бетис 9
4.Виљареал 7
5.Атлетик Билбао 7
6.Атлетико Мадрид 7
7.Селта Виго 7
8.Реал Сосиедад 7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот