ВИДЕО: Винисиус и Родриго го урнаа Бетис за максимален учинок на Реал Мадрид

Реал има „четири од четири“ во Ла Лига/Мадрид, Шпанија/3 септември 2022/Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска на домашен терен го совладаа Бетис со 2:1, во натпреварот од четвртото коло во најквалитетната шпанска лига.

„Кралскиот“ клуб поведе во деветтата минута кога погоди Винисиус Јуниор, а израмни Серхио Каналес во 17 минута. Победата на Реал ја донесе Родриго со гол во 65 минута.

Реал е прв на табелата со сите 12 бода од четири натпревари, додека Бетис го претрпе првиот пораз во шампионатот и е моментно втор на табелата со девет бодови.

Играчите на Мајорка и Жирона во првиот дуел од саботната програма во „Ла Лига“ одиграа нерешено 1:1.

Домашната Мајорка поведе со голот на Антонио Раило во 87 минута, а Самуел Саис донесе бо Жирона со голот од пенал во втората минута од судиското надополнување. Мајорка има пет бода на 10 место на табелата, додека Жирона има бод помалку на 12 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот