Фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

ВИДЕО | „Многу лош гаф…или провокација“: Аца Лукас проговори за постапката на Цеца со бугарското знаме во Велес

Инцидентот на концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога таа за време на настапот подигна бугарско знаме предизвика бурни реакции кај јавноста. Социјалните мрежи „вриеја“ од коментари, а дури и некои од познатите личности го дадоа своето мислење.

Сега, во интервју за Хајп тв и познатиот српски пејач Аца Лукас проговори за неодамнешната ситуација на концертот на неговата колешка.

– Не знам за што се работи. Да им ја навредуваш гордоста на луѓе кои ти дошле на концерт, луѓе кои те сакаат… Зошто тоа го направила, дали го направила намерно? Уште полошо е ако е од незнаење. Ако не знае како изгледа знаме на некоја држава, тоа е веќе, знаеш… Јас кога не би знаел како изгледаат знамињата, не би земал ниту едно знаме, би пеел без знаме, ама мислам дека не е тоа во прашање. Не знам што е прашање, мислам дека е гаф, лош, многу лош гаф, мислам дека тоа е катастрофа и луѓето реагираа онака како што треба да реагираат. Особено што тука дошле луѓе што ја сакаат неа. За мене е незамисливо и несфатливо дека некој може такво нешто да направи. Ако знаела што прави, тогаш тоа би можело да биде некој вид провокација, жестока – рекол Лукас.

Да потсетиме, концертот на Ражнатовиќ, неодамна се одржа во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, Македонија и заврши со инцидент кој ја разбранува јавноста. За време на настапот, Цеца подигна бугарско знаме, потег што предизвика бурна реакција кај дел од публиката, свирежи, негодување и заминување од салата.

ВИДЕО | „Не знаев дека толку не се сакаат“: Цеца откри како бугарското знаме заврши на нејзиниот грб во Велес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот