Цеца - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | „Не знаев дека толку не се сакаат“: Цеца откри како бугарското знаме заврши на нејзиниот грб во Велес

По инцидентот што неодамна предизвика бурни реакции на нејзиниот настап во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, кога на сцената го обвитка бугарското знаме околу себе, српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ за српски „Телеграф“ откри што навистина се случило и како дошло до недоразбирањето.

„Еден од фановите ми подаде бугарско знаме, како што често се случува на настапите – луѓето ми даваат знамиња од своите земји, што секогаш го сметам за чест. Го зедов, го обвиткав околу мене и во тој момент почнаа реакции од публиката. Прво мислев дека сум го ставила наопаку, но кога видов дека не е македонското знаме, бев збунета“, раскажа Цеца за српски „Телеграф“.

Таа додаде дека веднаш не сфатила што точно предизвикало револт кај дел од присутните.

„Мики Секуловски ми пријде и ми викаше: ’Знамето, знамето!‘ Јас го прашав што е со него, а тој ми рече дека е бугарско. Реков добро, и? Не знаев дека толку не се сакаат. Навистина не беше со лоша намера“, објасни пејачката.

Цеца нагласи дека нејзината намера никогаш не била да навреди никого, туку напротив да покаже почит и љубов кон сите што ја следат.

„Јас не се занимавам ниту со домашната политика, ниту со онаа на соседите. На моите концерти секогаш шириме само љубов и позитивна енергија. Ако повредив нечии чувства, искрено се извинувам, тоа навистина не беше мојата намера“, изјави таа.

Настанот брзо стана тема на социјалните мрежи и предизвика голем број коментари.

Иако скандалот привлече медиумско внимание, Цеца се обиде да стави точка на сето она што се случи, со пораката дека музиката е тука да обединува, а не да дели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот