Меган Фокс / Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Меган Фокс предизвика хаос на социјалните мрежи откако го сподели својот телефон со милионите следбеници

Актерката Меган Фокс предизвика хаос на социјалните мрежи откако преку видео објави дека на  своите милиони обожаватели ќе им го даде  телефонскиот број. Многумина поверуваа дека им се насмевнала среќата, но на крајот се покажа дека станува збор за маркетиншки трик за брендот за сапуни.

Ваквиот маркетиншки потег и не чуди, со оглед на тоа што Фокс неодамна на Инстаграм го блокираше својот поранешен свршеник Машин Ган Кели. Во видеото објавено во четвртокот, на 9 април, актерката се појавуи во тесна кожна комбинација и очила, признавајќи дека нејзината идеја „веројатно е лоша“, но додава дека сака да се „забавува“.

„Здраво дечки! Ова е веројатно лоша идеја, но ќе ви го дадам мојот телефонски број. Затоа јавете ми се, испратете ми порака и да се забавуваме. Бројот е 32349…“, вели актерката во камерата.

Токму кога обожавателите посегнаа по пенкало, Фокс беше прекината од маскотата на брендот, со што беше откриено дека станува збор за реклама. Актерката, која е мајка на четири деца, потоа се врати на екранот и додаде дека нејзиниот број завршува на цифрите 1 и 5.

„Едвај чекам да ми се јавите“, порача таа, по што многумина почнаа да ги погодуваат останатите бројки.

Корисниците на социјалните мрежи набрзо во коментарите признаа дека наседнале на маркетиншкиот трик. Многумина изразија разочарување, додека други ја пофалија креативноста на кампањата.

 

ФОТО | „Одвратно и понижувачки“: Сидни Свини продава сапун за мажи, направен од водата во која се капела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот