Фото: Инстаграм/Сидни Свини

ФОТО | „Одвратно и понижувачки“: Сидни Свини продава сапун за мажи, направен од водата во која се капела

Холивудската ѕвезда Сидни Свини, миленичка на публиката благодарение на улогата во популарната серија „Еуфорија“ (Euphoria), ги изненади своите обожаватели со потег што предизвика бурни реакции. Имено, таа објави дека, во соработка со брендот за машка козметика „Д-р Сквоч“, лансира сапун направен од водата во која лично се капела.

Производот, со ироничен наслов „Блаженство од кадата на Сидни“, ќе биде достапен во лимитирана серија од пет илјади парчиња. Секое парче ќе биде придружено со сертификат за автентичност кој потврдува дека водата навистина потекнува од нејзината лична бања.

„Кога луѓето постојано ја бараат твојата када… зошто да не направиш сапун? Да, чудно е, но на најдобар можен начин“, објави актерката со доза на хумор и самоиронија.

Фото: Инстаграм/Сидни Свини

Сапунот, кој е насочен кон машката публика, ветува „освежителен и природен мирис“, инспириран од елементи како бор, мов и ела, но со суптилен допир од интимниот ритуал на Свини. Овој необичен козметички производ следи по успешната маркетиншка кампања на актерката за истата компанија, каде во реклама од када им се обраќа на гледачите со кокетна порака: „Здраво, валкани момчиња… сакате мој гел за туширање?“.

Иако намерата на Свини очигледно била да се пошегува и да направи нешто нетипично, јавноста реагираше поделено. Додека едни ѝ аплаудираат на храброста и чувството за хумор, други ја обвинија дека со ваквиот потег ја поттикнува објективизацијата на женското тело и ги потврдува стереотипите за жените во јавниот живот.

Продажбата на необичниот сапун почнува на 6 јуни, а ако се суди според вниманието што го доби уште пред да се појави на пазарот, сосема е возможно дека „Блаженство од кадата на Сидни“ навистина ќе стане хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот