ВИДЕО: Мастерсот во Монте Карло продолжува без Надал!

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Денеска ги дознавте сите патници во полуфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло, таму ќе бидат Циципас, Еванс и Рууд и Рубљев.

Најголемото изненадување го направи Андреј Рубљев од Русија кој го елиминираше Рафаел Надал со 2:1 во сетови 6:2, 4:6 и 6:2.

Потоа, Даниел Еванс кој во осминафиналето го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, овојпат триумфираше над Давид Гофан. Иако Белгиецот водеше со 1:0 (7:5), пресврт направи Британецот освојувајќи ги следните два сета со 6:3 и 6:4.

При резултат 7:5 и 1:0 во сетови за Стефанос Циципас, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина го предаде мечот и на тој начин Гркот оствари уште еден триумф.

А претходниот освојувач на овој турнир, Фабио Фоњини од Италија доживеа елиминација откако за нешто повеќе од еден и пол час игра загуби од Норвежанецот Каспер Рууд (6:3, 6:4). Познати се и полуфиналните двојки: Еванс-Циципас и Рубљев-Рууд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот