ВИДЕО: Мајк Тајсон во форма, удира како момче

EPA-EFE/NINA PROMMER

За кого се подготвува легендарниот Тајсон (56)? Последното видео од рингот покажува дека е во полн тренинг

Боксерската легенда Мајк Тајсон (56) и во поодминати години делува фит и опасно на рингот како што покажува видеото на кое тој спарингува со тренерот Рафаел Кордеиро.

Пред две години бевме сведоци на враќањето на Тајсон на рингот во егзибициски меч од осум рунди против Рој Џонс Џуниор. Оттогаш и покрај гласините Тајсон се уште не го направил својот кам-бек на рингот.

Но секогаш кога ќе се појави видео-клип што го покажува „железниот“ како тренира фановите на боксот се желни да видат колку тој навистина може да даде на рингот.

Последни гласини се дека се подготвува меч на Тајсон против јутјуберот Џејк Пол, кој има милиони следбеници. Тајсон во едно интервју ги охрабри ваквите гласини.

– Се е можно, но мора да се случи годинава. Може да биде интересно. Тој е доволно вешт, го признавам тоа затоа што победува – изјави Тајсон.

Според предвидувањата, меч помеѓу овие двајца би можел да „сврти“ 300 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот