ВИДЕО | Како се славеше 1 Мај во времето на Тито? Стари снимки разбудија носталгија на социјалните мрежи
На социјалните мрежи повторно се актуелизираа видеа и фотографии од прославите на 1 Мај во поранешна Југославија, кои разбудија носталгија кај многумина.
Препорачано
На фејсбук-страницата „Носталгија“, која има илјадници следбеници, беше објавено видео од прослава на Меѓународниот празник на трудот, на кое се гледа Јосип Броз Тито како присуствува на настан со детски хор и голем број граѓани, и покрај врнежливото време.
Во обраќањето до работниците, Тито го честитал празникот со порака дека идните генерации треба да живеат подобро и да им се заблагодарат на претходните за создаденото.
Покрај 1 Мај, во тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, крајот на месецот традиционално бил резервиран и за одбележување на 25 Мај – Денот на младоста, кој се славел како роденден на Тито.
Во коментарите под објавата, бројни корисници се присетуваат на тој период, истакнувајќи дека прославите биле масовни и исполнети со позитивна атмосфера. Дел од нив наведуваат дека работниците тогаш имале подобри услови и повеќе денови одмор за празникот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
58мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


