ВИДЕО: Јокиќ со „трипл-дабл“ за историја, го престигна и легендарниот Лери Бирд

Денвер се врати на победничките патеки во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Доцна синоќа во НБА лигата Чикаго триумфираше на домашен терен против Денвер со резултат 109:97 за вкупно четврта победа по ред и моментно второ место во Источната конференција (17-8).

За Булси доминираше Зек ЛеВин со 32 поени и осум асистенции, а по 20 поени помогнаа Лонзо Бол и Никола Вучевиќ. Најефикасни во редовите на Нагетси беа Вил Бартон и Монте Морис (седум асистенции) со по 19 поени.

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ имаше уште една добра партија, запишувајќи „трипл-дабл“ учинок од 17 поени, 12 скокови и 15 асистенции.

Јокиќ уште еднаш се запиша во историјата на НБА лигата, односно на вечната листа го престигна легендарниот Лери Бирд (кој застана на 59) по бројот на постигнати „трипл-дабл“ ефекти. За Србинот ова беше 60. „трипл-дабл“ во НБА кариерата и моментно е на осмото место на вечната листа и наскоро би можел да го престигне и Џејмс Харден (62).

НБА лига, резултати –

Шарлот – Филаделфија 124:127, 119:119 (по 1. продолжение)
Детроит – Оклахома 103:114
Индијана – Вашингтон 116:110
Мајами – Мемфис 90:105
Чикаго – Денвер 109:97
Милвоки – Кливленд 112:104
Минесота – Атланта 110:121
Феникс – Сан Антонио 108:104
Голден Стејт – Орландо 126:95
Портланд – Лос Анџелес Клиперс 90:102

Јокиќ урна рекорд на легендарниот Мајкл Џордан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот