Јокиќ урна рекорд на легендарниот Мајкл Џордан

Никола Јокиќ /Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ, српскиот центар кој владее во НБА лигата, продолжува да ги воодушевува сите љубители на кошарката како во САД, така и во светот.

После настапот во Мајами каде што имаше 24 поени, 15 скокови и седум асистенции, Јокиќ дојде до еден чудесен статистички учинок кога се работи околу тоа што се случува на теренот кога тој е во игра.

Тој е оној легендарен „плус/минус фактор“ кој се наоѓа на крајот од колоната на статистиката, а многумина не го разбираат неговото значење.

Тој податок говори околу тоа дали, додека одреден играч е на паркетот, неговиот тим реализира повеќе поени од ривалот или прима повеќе, а просечните „+15“ на Јокиќ (Денвер постигнува 15 поени повеќе повеќе по меч кога игра Србинот), после 15 натпревари оваа сезона се најдобрите во историјата на НБА лигата.

На второто место после 15 воведни натпревари од сезоната со по 12,7 се Мајкл Џордан (1987 година) и Крис Пол (2016 година), а четвртата позиција со по 12,5 ја делат Лука Дончиќ (2019 год.) и Леброн Џејмс (2011 год.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот