Чикаго булс е најдобра династија во историјата на НБА лигата

Мајкл Џордан беше предводник на Чикаго булс / фото: Profimedia

Екипата на Чикаго булс која од 1995 до 1998 година освои три шампионски титули е најдобра династија во историјата на НБА лигата си освои 46 отсто од вкупните гласови.

Стартната петорка ја сочинуваа Рон Харпер, Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Лук Лонгли и Денис Родман, а шести играч беше Тони Кукоч.

НБА во чест на 75-годишнината од формирањето на најсилната кошаркарска лига, ги избра 75-те најдобри кошаркари во историјата, а дел од одбележувањето на јубилејот е и изборот на најдобрата династија.

Гласовите на навивачите чинеа 50 отсто од конечните резултати, додека останатите 50 отсто дојдоа од поранешни играчи, тренери и новинари.

На второто место се најте тимот на Бостон селтикс кој од 1969 до 1976 освои осум шампионски титули со 24 отсто од гласовите, додека трет е Голден Стејт кој од 2015 до 2018 три пати беше шампоион и освои 15 отсто од гласовите. По нив следуваат ЛА Лејкерс (1979-1981) со 12 отсто и уште една екипа на Бостон селтикс (1980-1987) со три отсто од гласовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот