ВИДЕО: Јанг и Богдановиќ ја продолжија победничката серија на Атланта

Тре Јанг имаше феноменална партија во дресот на Атланта хокс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Атланта славеа како гости кај Сан Антонио (124:106) доцна синоќа во НБА лигата за вкупно шеста победа во низа. Хокси потврдија дека се наоѓаат во добра форма и оној пад од шест порази по ред на почетокот од ноември е заборавен.

Моментно Атланта во Источната конференција е на осмата позиција со учинок од 10 победи и девет порази, додека Спарси се на 13 место на Западот (4-13).

Најефикасен во редовите на Нејт МекМилан беше Треј Јанг со 31 поен (11 асистенции), а српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ запиша 18 поени. На спротивната страна Брин Форбс забележа 23 поени.

Феникс ја забележа и 14 победа по ред откако на гостински терен со 120:115 триумфираше над Кливленд. За Санси доминираше Девин Букер со 35 поени, а кај Кавалирси Џерет Ален блескаше со „дабл-дабл“ од 25 поени и 11 скокови.

НБА лига, резултати –

Кливленд – Феникс 115:120
Индијана – ЛА Лејкерс 116:124 (по 1. продолжение)
Орландо – Шарлот 99:106
Бостон – Бруклин 104:123
Хјустон – Чикаго 118:113
Мемфис – Торонто 113:126
Милвоки – Детроит 114:93
Минесота – Мајами 113:101
Њу Орлеанс – Вашингтон 127:102
Оклахома – Јута 104:110
Сан Антонио – Атланта 106:124
Голден Стејт – Филаделфија 116:96
Сакраменто – Портланд 125:121

Источна конфереција, табела:
1.Бруклин нетс 14-5
2.Мајами хит 12-7
3.Чикаго булс 12-7

Западна конференција, табела:
1.Голден стејт вориорс 16-2
2.Феникс санс 15-3
3.Јута џез 12-6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот