Фото: Принтскрин / Далмација данас

ВИДЕО | Јадранот голта куќи во Хрватска: страшна бура ја погоди земјата, поплавени се локали, шеталишта станале базени

Силно невреме, проследено со силен ветер и со обилни врнежи, денеска го погоди крајбрежјето на Хрватска, а најкритично е во Далмација, каде што комбинацијата од низок воздушен притисок и од силни ветришта предизвикува изразена циклонална плима, објави „24 часа“.

Жител на Каштела јавил дека на некои жители морето дури им влегло во куќите, а морето се излеало и ги претворило шеталиштата во плитки базени.

На северот на земјата веќе се видливи последиците од промената: во Истра има пороен дожд и грмежи, а на места наврнале околу 20 литри на квадратен метар. Во исто време, по целиот Јадран дува засилен ветар.

Снимки покажуваат како морето се излева на ривата, но и како е поплавено старото градско јадро.

Удари и до 90 километри на час, ноќта го носи врвот на влошувањето

Најсилниот ветар е забележан во северна Далмација и на северниот Јадран, каде што ударите достигнуваат околу 90 километри на час. Многу силен ветар дува и во Сплит , а на морето веќе се регистрирани нарушувања во сообраќајот, објави „Јутарњи лист“.

–На жителите на старото градско јадро во Каштела Суќурац им се поплавени домовите по којзнае кој пат во последниов месец – изјавила загрижена граѓанка.

Слична е состојбата и во Тисно, а ништо подобро не е ниту во Цриквеница, каде што и ривата е под вода.

– Морето се излеа на ривата и ја поплави. За среќа, ветрот малку ослабна, но и понатаму дува силно и врне дожд – рекол жител на Цриквеница.

Луѓе од Водици јавуваат дека морето влегло во неколку локали.

Времето го парализира и поморскиот сообраќај. Поради неповолните временски услови во прекин се повеќе катамарански, траектни и бродски линии долж Јадранот, соопшти Хрватскиот автоклуб (ХАК).

На патниците им се препорачува пред поаѓање да ги проверат најновите информации за состојбата во поморскиот сообраќај.

ЦУК: Турнати бандери, паднати дрвја и искршени автомобили по ветерот и поплавите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот