Aзади Техеран/EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

ВИДЕО: Израелски ракети ја уништија и најголемата спортска сала во Техеран, останаа само урнатини

Во еден од нападите врз Иран од страна на САД и Израел, погоден и уништен од ракетите беше и познатиот спорски комплекс „Азади“ во Техеран.

Според информациите што ги пренесуваат медиумите, во нападот е уништена спортска сала со капацитет од околу 12.000 гледачи, која се наоѓала во рамките на комплексот. Овој објект претходно се користел за одржување на различни спортски натпревари, меѓу кои кошарка, одбојка и други спортови кои се играат во затворено.

Видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи прикажуваат урнати делови од кровната конструкција и густ чад што се издига над погодениот дел од комплексот. На снимките може да се забележи дека објектот претрпел сериозни оштетувања, а делови од салата се целосно урнати.

Иранските медиуми пренесуваат дека освен самата сала, оштетени се и други објекти во непосредна близина.

Спортскиот комплекс „Азади“ важи за еден од најголемите спортски центри во Иран, а во негов состав се наоѓа и познатиот стадион Азади, кој е меѓу најголемите стадиони на Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот