ВИДЕО | Изгледа како чинијата која сите ја имаме дома: Но токму оваа на нејзиниот сопственик му донела милиони!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

На аукција во Соединетите Американски Држави за 721.800 долари е продадена порцеланската чинија која сопственикот ја купил минатата година за само 35 долари на распродажба.

Станува збор за кинеска порцеланска чинија која датира од 15-от век и периодот на Династијата Минг, а аукцијата е организирана во аукциската куќа „Sotheby’s“ во Њујорк.

Белиот сад со сини мотиви наводно е направен за дворецот на царот Јонг Ли кој бил третиот владетел во Династијата Минг.

Преостанатите садови од тој сет се наоѓаат во музеите во Тајван, Иран и во Велика Британија.

Среќниот сопственик оваа вредна чинија ја купил минатата година на распродажба на стока покрај една куќа во Конектикат и за неа платил 35 долари.

По купувањето тој сакал да дознае нешто повеќе за порцеланската чинија, па ја однел на проценка, а кога експертите ја здогледале веднаш знаеле дека таа е чинијата од Династијата Минг од 15-от век.

Почетната цена на аукцијата изнесувала 200.000 долари, но започнала да се зголемува и достигнала сума од 580.000 долари, а со сите такси на крајот нејзината целосна сума изнесувала 721.800 долари. Познатата аукциска куќа ја процени чинијата на износ од 300.000 до половина милион долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот