ВИДЕО | Исповед на Миа Костова која ќе ве наежи: „Знаеше да ‘прелета’ некоја шлаканица, со години имав трауми од него“
Поранешната водителка Миа Костова искрено проговори за еден тежок период од својата младост, откривајќи детали за токсична врска која ја одбележала нејзината прва љубов. Таа раскажа дека во првата година од средното образование се заљубила во момче кое го доживувала како силен и заштитнички настроен „алфа мажјак“, но зад таа слика се криело насилно однесување и контрола.
Препорачано
Наместо љубов, врската постепено се претворила во ограничувања, љубомора и физичко и психичко насилство.
„Мене тоа ми се чинеше како знак на љубов, дека се грижи за мене и ме пази“, сподели таа, објаснувајќи колку лесно младите можат да ги помешаат контролата и посесивноста со љубов.
Ситуацијата кулминирала кога нејзините родители го пронашле нејзиниот дневник, во кој детално ги опишувала случувањата. Иако откривањето било шокантно и болно, токму тогаш следувала клучната родителска реакција.
Нејзиниот татко почнал да ја придружува на училиште и да внимава да не ѝ се приближи поранешниот партнер.
„Среќа што моите го забележале тоа навреме… Тогаш ми беше тешко, но сега гледам колку беше важно нивното вмешување“, сподели Миа.
Иако врската завршила, траумата не исчезнала веднаш. Таа признава дека и по години чувствувала страв кога ќе го сретнела. Подоцна дознала дека тој завршил во затвор, а неодамна и дека починал, што за неа претставувало конечно затворање на едно болно поглавје.


