Мигранти на плоштад за нова година / Фото: скриншот

ВИДЕО | Инцидент за новогодишната прослава на плоштад: Мигранти се туркаа на само неколку метри од премиерот

За време на новогодишната прослава синоќа на плошатдот „Македонија“ во Скопје каде присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски дошло до инцидент помеѓу група мигранти од Непал, објави Инфомакс на социјалните мрежи.

Од видеото кое го објави Инфомакс на Инстрграм, може да се види како неколкумина мигранти, најверојатно под дејство на алкохол, се туркаат во толпата граѓани, собрани за да ја прослават Новата Година. Револтирани граѓани почнаа да ги оттурнуваат од нив и да ги бркаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

Како што пренесува Инфомакс, според очевици, премиерот бил видно нервозен и „со висок тон“ телефонирал и побарал да бидат отстранети мигрантите со зборовите:„Тргнете ги одма, проблем ќе ми направите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот